Sunday, May 31, 2009

Nacionalen park " Galicica"


Националниот парк Галичица се наоѓа на истоимената планина која припаѓа на Шарско-Пиндскиот планински систем. За национален парк е прогласен македонскиот дел од планината во 1958 година поради особените природни убавини и исклучително богатата и ендемична флора и фауна.

Паркот е сместен помеѓу Охридското и Преспанското Езеро и има меридијански правец на протегање. Зафаќа површина од 227 кмІ.

Основната геолошка подлога на Галичица во најголемиот дел се палеозојски метаморфни силикати покриени со слој од масивни варовници дебели од 500-550 м, со сунѓереста структура и голема порозност.

Масивот има развиен релјеф со големи и длабоки долови и широко планинско било кое во јужниот дел на Галичица е со височина поголема од 2000 м. Таквиот релјеф и близината на двете езера овозможува посетителот за цело време да има извонредно долги и убави визури.

На Галичица владее блага умерено континетална клима, која е под влијание на големото количество вода од двете езера и топлите субмедитерански влијанија кои продираат преку релативно ниските планински превои во Албанија.

No comments:

Post a Comment